Прва чиста 10 за Хант, додека Ифланд ги урна рекордите во женското натпреварување

rijana ifland pobeda liban 2019

Актуелниот шампион Гари Хант (Велика Британија) и Ријана Ифланд (Австралија) продолжуваат со доминација со своите победи на дебито во Либан во светската серија Red Bull Cliff Diving во Рауш.

Откако заради денот со високи бранови околу Пиџен Рокс беше скратен распоредот на само едно нуркање од гребенот, мажите и жените во светската серија се покажаа во апсолутно врвна форма, и соборија рекорди од 27 метри, на премиерното гостување на овој најстар екстремен спорт на новата локација во еден од најстарите градови во светот.

Во уште еден одличен настап, 27-годишната Ифланд не само што го подобри својот рекорд со поени за опционо нуркање за значителни 13 поени, туку исто така доби и три десетки за едно нуркање, што е апсолутна новост кај жените. Не беше само Австралијанката таа што ги урна рекордите во натпреварувањето од најзначајното обележје на градот, зашто и второпласираната Хименез го подобри својот рекорд за задолжителното нуркање уште првиот ден. Со многу мала разлика пред четвртото место, Нестсиарава од Белорусија го обезбеди својот трет подиум во сезоната.

ziri so desetki

Кај мажите, сензационалното финално нуркање на рекордниот победник Хант му донесе победа и на петтата локација оваа сезона. Триесет и петгодишниот спортист беше во генијална форма и изведе нуркање за чиста десетка, откако на првото нуркање директно од гребенот во Медитеранското море освои две десетки од судиите, и го надмина комбинираниот рекорд на Џонатан Паредес (Мексико) на шест пати највисоки оценки од судиите на една станица.
Со 40 поени зад Британецот, Американецот Колтури заврши на второто место, по бавен старт на оваа чиста локација, додека гостинот Преда од Романија го освои своето второ трето место во вкупно четири настапи.

Во генералниот пласман, доминантата двојка Хант и Ифланд се на врвот од табелата, со иста разлика од своите најблиски ривали. По Британецот се Паредес и Џонс кај мажите, додека австралиската доминантна сила во спортот кај жените ја следат Нестсиарава и Џесика Макалеј од Велика Британија, пред последните два натпревари за оваа година.

Од урбаната дивина на околината Рауш во Бејрут, и третото натпреварување од гребен оваа година, елитата на нуркачите од карпи ќе патува на Светското првенство во нуркање од височина на ФИНА во Јужна Кореја за осум дена, пред да продолжат со својата битка за „Трофејот на Кралот Кахекили“ во Мостар, Босна и Херцеговина, на 24 август, кој е претпоследна станица на светската серија во 2019 година.

Цитати од победниците:

Гари Хант, Велика Британија
Многу сум среќен. Вчера имавме едно нуркање помалку од вообичаено. Донесов одлука да не ги вежбам моите нуркања на тренингот, да се обидам да бидам колку што е можно посвеж. Па во 4 или 5 нуркања го завршив натпреварувањето со уште една победа. Мислам дека тоа беше голем предизвик заради времето и брановите. Вчера не можевме ни да одиме до островчето на брод. Моравме да се префрлиме по жица преку воздух до местото. Морам да се обидам да останам силен и концентриран. Мојата цел како и секогаш е да изведам четири силни нуркања. Не си поставувам други цели освен оваа во оваа година.

Ријана Ифланд, Австралија
Оваа година мислам дека го најдово мојот ритам. Чувствувам дека сум во добра ментална состојба. Знам дека тренирав многу меѓу сезоните. Сега тоа се исплатува. Само се трудам да бидам на добро место во главата, и да се потпрам на мојот тренинг. Тоа дефинитивно ми успева. Апсолутно ги погодувам нуркањата. Мислам дека досега сум немала толку висок резултат, ова е мој личен рекорд. Претпоставувам дека може да ми биде цел да победам на сите настани. По овој настан тоа ми изгледа полесно за постигнување. Само сакам да бидам постојана и да се чувствувам удобно внатре во себе.
Резултати – мажи, 5-та станица, Бејрут, Либан:
1. Гари Хант (Велика Британија), 369,50 поени, 2. Дејвид Колтури, (САД), 329,40 поени, 3. Каталин Преда (вајлд-карта) (Романија) 322,75, 4. Џонатан Паредес (Мексико) 315,45 поени, 5. Михал Навратил (Чешка) 291,70 поени, 6. Стивен ЛоБуе (САД) 278,20 поени, 7. Блејк Олдриџ (Велика Британија) 271,10 поени, 8. Олексиј Пригоров (Украина) 268,65 поени, 9. Матијас Апензелер (вајлд-карта) (Швајцарија) 263,30 поени, 10. Енди Џонс (САД) 247,05, 11. Нејтам Џимерсон (вајлд-карта) (САД) 234,70 поени, 12. Крис Коланус (Полска) 221,60 поени, 13. Ален Кохл (вајлд-карта) Луксембург 219,65 поени, 14. Мигел Гарсија (вајлд-карта) (Колумбија) 58,80 поени.

Резултати (жени):
1. Ријана Ифланд (Австралија) 306,15 поени, 2. Адријана Хименез (Мексико) 251,85 поени, 3. Јана Нестсиарава (Белорусија) 242,25 поени, 4. Ирис Шмидбауер (вајлд-карта) Германија 242,15 поени, 5. Еленор Таунсенд Смарт (САД) 214,25 поени, 6. Џесика Макалеј (Велија Британија) 203,85 поени, 7. Марија Паула Кинтеро (вајлд-карта) Колумбија, 195,15 поени, 8. Ксантија Пениси (вајлд-карта) Австралија 183,90 поени, 9. Селија Фернандез (вајлд-карта) Шпанија 180,55 поени, 10. Џеневјев Бредли (вајлд-карта) (САД) 174,35 поени.
Табела (мажи)
1. Гари Хант (Велика Британија) 800 поени, 2. Џонатан Паредес (Мексико) 460 поени, 3. Енди Џонс (САД) 380 поени, 4. Михал Навратил (Чешка) 370 поени, 5. Дејвид Колтури (САД) 310 поени.

Табела (жени):
1. Ријана Ифланд (Австралија) 800 поени, 2. Јана Нестсиарава (Белорусија) 460 поени, 3. Џесика Макалеј (Велика Британија) 430 поени, 4. Лисејн Ричард (Канада) 370 поени, 5. Адријана Хименез (Мексико) 340 поени.

Facebook Коментари