Прв „земјотрес“ на СП: Мексико ја урна Германија (Видео)

lozano slavi

Репрезентацијата на Мексико ја победи Германија и го приреди најголемо изненадување на досегашнот дел од Светското првенство во Русија.

Храбрите Мексиканци најдоа решение за четирикратниот светски шампион и со 1-0 обезбедија големо славје со кое сериозно си ги подотворија вратите кон втората фаза на шампионатот. Во динамичниот меч кој се одигра во Москва на „Лужники“ клучниот момент се случи во првиот дел поточно во 35 минута кога брзоногиот Лосано ја смести топката зад голманот Нојер.

Потоа Германците се обидуваа да го возвратат ударот, но и Мексиканците имаа добри ситуации во кои можеа да го зголемат водството. На крајот немаше промени, па четата на Осорио дојде до трите бода во групата Ф во која се уште Јужна Кореја и Шведска.

Facebook Коментари