Прв трофеј за каталонците: „Проектил“ на Дембеле, Суперкупот за Барселона (Видео)

dembele

Екипата на Барселона по 13. пат во својата историја го освои шпанскиот Суперкуп и тоа откако вечерва во супер интересен меч кој се одигра во Мароко славеше над Севилја со 2-1.

Клубот од „Камп Ноу“ успеа да го врати овој трофеј во своите витрини по една драма во која повеќе актери имаа своја улога. Имено резултатот по првото полувреме беше 1-1 благодарение на головите на Сарабија во 9 и Пике во 42 минута.

Во вториот дел двата состави создадоа повеќе шанси, но до следната промена на резултатот се чекаше до 78 минута кога Дембеле испрати „бомба“ која заврши во мрежата на вечерва одличниот Вацлик.

Меѓутоа тука не беше крајот на возбудувањата, бидејќи Севилја во 90 минута доби пенал и тоа откако Тер Штеген го собра Видал. Ама Германецот се извади и успеа да го прочита ударот на Бен Једер и на тој начин да им донесе победа и трофеј на каталонците.

Facebook Коментари