Прв стрелец против една од најдобрите екипи во Франција: Стојановски одличен против Монако!

vojdan sut

Најдобриот македонски кошаркар, Војдан Стојановски остави зад себе уште една добра партија во дресот на Гревелин Данкерк и тоа против една од најквалитетните екипи во Франција, кандидатот за титулата составот на Монако.

Војдан беше прв стрелец на дуелот со 16 поени, 5 скокови, 4 асистенции и имаше 23 индексни поени со што беше втор на оваа листа зад Јакуба Китара од Монако (27). Кога е во прашање резултатот Гревелин Данкерк иако играше дома не успеа да направи изненадување и загуби со 79-63 и тоа пред се поради лошата игра во вторите 20 минути.

Ова за тимот на Стојановски беше 16 пораз во сезоната и го очекува тешка битка за опстанок во ЛНБ лигата.

Facebook Коментари