Прв стрелец: Димитриевски блесна на отварањето на новата сезона во АСОБАЛ лигата (Видео)

darko dimitrievski

Македонскиот ракометен интернационалец, Дарко Димитревски имаше одличен старт на новата натпреварувачка сезона во АСОБАЛ лигата.

Велешанецот беше клучниот играч во победата на БМ Синфин над составот на Уеска од 27-22. Водени од навивачите домашните ракометари одиграа две квалитетни полувремиња што беше доволно за прво славје во кампањата. Токму Димитревски со шест постигнати голови беше најдобриот стрелец на натпреварот што секако е одлична најава за тоа што престои во оваа натпреварувачка 2019-2020.

Синфин во второто коло му гостува на Валјадолид, состав кој претрпе пораз од Нава во првата рунда.

Facebook Коментари