Балкан
Прв старт и веднаш гол: Дробаров стави точка на победата на Черно Море (ВИДЕО)

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Влатко Дробаров пред некое време се врати во редовите на Черно Море каде денеска ја имаше улогата на стартер во дуелот со Септември Софија, а за довербата возврати со гол.
Дробаров по неуспешната епизода во Сараево направи кам-бек во Бугарија и тоа во клубот во кој имаше одлични настапи, па така минатата седмица доби неколку минути против Лудогорец, но сега се најде во почетната постава и го одигра целиот меч кој го круниса со погодок со глава во 67 минута.
Влатко се најде на вистински место по корнерот на домаќините и ги постави конечните 3-0 на пресметката во првата бугарска лига.
На спротивната страна активни од самиот старт беа Константин Чешмеџиев и Мартин Стојанов.
-
Балканпред 6 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Репрезентацијапред 24 часа
Непосакувана вест: Милевски остана без една опција пред мечот со Малта (Фото)
-
Балканпред 14 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Жорди Алба откри што купил со првиот милион кој го заработил
-
Светпред 19 часа
Талентираната Младеновска договори трансфер во Брест Бретањ
-
Францијапред 5 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Англијапред 23 часа
Шпанската ѕвезда на Сити: Освојувањето на Премиер лигата е како да сте освоиле Лига на шампиони!
-
Македонијапред 18 часа
Вардарци се огласија со драматично соопштение, одговори газдата на клубот: Мојата компанија доживеа финансиски крах…