Прв случај на допинг на ЗОИ: Јапонија го има првиот допингуван спортист

kei-saito1

Натпреварувачот во брзо лизгање на кратки патеки од Јапонија, Кеи Саито кој беше најавуван како еден од можните освојувачи на медал од ЗОИ, паднал на допинг тест.

Тој откако пристигнал веднаш бил подложен на тест, а во крвта било регистрирано недозволената супстанца ацеталозамид.

Ова е голем шок за Јапонија, зошто досега ниту еден јапонски спортист не бил позитивен на допинг тест на ЗОИ. Олимпискиот комитет на Јапонија реагираше со соопштение дека Саито бил тестиран пред поаѓањето во ПјонгЧанг на 29.јануари со извештај дека неговиот тест бил негативен.

Меѓународниот суд за арбитража во спортот во Лозана веднаш му изрече забрана за натпреварување, која е всушност автоматска забрана се до моментот на втор тест кога ќе треба да се потврди или да се избрише казната.

Facebook Коментари