Прв проблем за организаторот на ЗОИ во Пјонгчанг: Машкиот спуст одложен за друг натпреварувачки ден

spust

Дисциплините во алпското скијање се меѓу најатрактивните на зимските олимпијади, а така ќе биде и во Пјонгчанг.

Сепак, фановите на скијањето ќе мора да почекаат за првата финална дисциплина, бидејќи машкиот спуст е одложен и нема да биде на програмата во 3 часот наутро во недела по македонско време.

Силниот ветер во зимскиот центар Јеонгсеон ги натерал организаторите да ја одложат трката која подразбира висок ризик поради големите брзини, а дополнително ќе биде објавено во кој термин ќе биде вметната оваа трка.

На претходната Зимска олимпијада во Сочи победник во спуст беше Австриецот Матијас Мајер.

Facebook Коментари