Поврзете се со нас

Италија

Прв проблем за Инѕаги во новата сезона: Се повреди летното засилување на Интер

Објавено

на

Екипата на Интер со доста мака дојде до посакуваниот резултат на првиот меч во новата кампања во Серија А, меч против Лече кој го доби со 2-1 со погодок во судиското продолжение.

Овој триумф секако е позитивна вест за тимот од Милано, но средбата на „Вила Дел Маре“ донесе и една негативна за тренерот Симоне Инѕаги. Имено се повреди летното засилување Хенрик Мхитарјан, информација која ја потврди и самиот клуб по направените детални медицински тестови.

Од Интер не соопштија колку време Ерменецот ќе паузира, меѓутоа според медиумите тој нема да биде достапен во наредните две до три недели.

Останува на Мхитарјан да го надмине овој проблем што го пратеше и на крајот на минатата сезона кога ги пропушти завршните четири меча на Рома во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни