Шпанија
Прв пресек: Чави информирал четворица играчи дека немаат иднина во Барселона

Чави Ернандес донесе многу позитивни промени во Барселона, но полека треба да се подготвува и за непопуларни решенија, односно да носи тешки одлуки за доброто на тимот и клубот.
Барса сака да донесе неколку фудбалери со кои сериозно ќе се засили ротацијата на Чави, но пред да дојде до тоа, клубот ќе мора да се поздрави со неколку фудбалери кои не се наоѓаат во поширокиот избор на тренерот.
Чави се избори да има одличен однос и со фудбалерите кои не добиваат минутажа на теренот, па во таа насока, без лоши намери информирал четворица фудбалери дека најдобро ќе биде да си заминат уште во почената фаза на летниот преоден рок.
Поранешниот капитен направил прв пресек од четворица играчи, но очекувањето е на листата да се приклучат уште најмалку толку по крајот на сезоната.
Барселона утре ќе ја заврши сезоната во Ла Лига со натпревар против Вилјареал, а истиот треба да биде последен во клубот за Мингеза, Умтити, Рики Пуч и Брајтвајт. „Мундо Депортиво“ открива дека четворицата добиле лично известување од Чави дека за нив не постои иднина на „Камп Ноу“, односно нема да бидат дел од проектот наредната сезона.
-
Светпред 16 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 16 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
АТПпред 18 часа
Алкарас се врати од загубена ситуација и со еден поен ги крена на нозе тениските фанови во Лондон (Видео)
-
Светпред 17 часа
Лос Анџелес сепак ќе мора да плати за Бејл, заработката оди кај Бекам!
-
Италијапред 17 часа
Рома ја изигра Барселона, каталонскиот гигант се налути и размислува за тужба (Фото)
-
Англијапред 5 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
Италијапред 17 часа
Легендарниот Мацола за сензационалниот трансфер на Интер: Ова не се случило во фудбалот
-
Англијапред 11 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола