Поврзете се со нас

Свет

Прв предизвик надвор од нашите граници: Алчевски се договори со израелски прволигаш

Објавено

на

foto:www.facebook.com/HapoelJlmFC

Голманот на младата репрезентација на Македонија, Марко Алчевски за првпат во првпат во својата кариера ќе настапува надвор од нашите граници и тоа во Израел.

Досегашниот член и капитен на Брера Струмица во новата сезона ќе го гледаме во дресот на Хапоел Ерусалим со кого потпиша договор на две сезони.

-Среќен сум што му се приклучувам на Хапоел Ерусалим. Убеден сум дека овој клуб е најпогодното место за мојот развој и возбуден сум што овде ќе најдам нов дом. Ќе дадам се од себе за тимот да ги постигне посакуваните цели. Напред Хапоел, -порача Алчевски.

Марко во минатата кампања беше еден од најдобрите голмани во ПМФЛ каде настапи на 29 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни