Поврзете се со нас

Балкан

Прв предизвик надвор од Македонија: Васоски ќе биде тренер на Сараево

Објавено

на

Поранешниот македонски репрезентативец, Александар Васоски ќе биде нов тренер на еден од најдобрите клубови во Босна и Херцеговина-тимот на Сараево.

Како што информираа медиумите од оваа земја преговорите меѓу составот од „Кошево“ и Македонецот успешно завршиле, па се остануваат само уште некои ситни детали за да стигне и официјална потврда.

Популарниот тетовче одлично го водеше Вардар со кого ја освои и титулата во домашниот шампионат, а резултати на ниво имаше и со Академија Пандев.

Кога е во прашање Сараево, тоа е тим кој има многу проблеми сезонава и најдобар доказ за тоа што заостанува дури 20 бода зад лидерот Зрињски по 19 одиграни кола во првата лига на БиХ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни