Поврзете се со нас

Балкан

Прв предизвик надвор од Македонија: Стојановски потпиша за бугарскиот прволигаш Септември Софијa

Објавено

на

Досегашниот фудбалер на Брегалница, Мартин Стојанов договори трансфер во соседството и во наредната сезона ќе игра во новиот бугарскиот прволигаш Септември Софија.

Стојанов беше еден од најдобрите играчи на тимот од Штип во минатава кампања во која на 32 средби во ПМФЛ даде 9 голови и забележа 3 асистенции. Ова за 23-годишниот Мартин е нов предизвик во кариерата, новиот клуб очекува многу од него, а пред да се посвети на обврските со истиот тој и се заблагодари на Брегалница и првиот човек Кирил Гогов.

-Сакам да искажам огромна благодарност на Брегалница, раководството на клубот и сопственикот Кирил Гогов за се што направија за мене изминативе години за мојот фудбалски развој. Сакам да искажам благодарност што ми помогнаа и за мојот прв интернационален трансфер, без апсолутно никаков проблем но во интерес на мојот фудбалски напредок и на тој начин потврдија дека силно вложувале и натаму ќе вложуваат во млади играчи.

-Влогот во млади фудбалери е од интерес на Брегалница, но и секако силна поддршка за кариерите на секој играч што е секако сериозен интерес пред се и на македонскиот фудбал. Сакам да се заблагодарам на сите навивачи на Брегалница и до фудбалски Штип кои сите овие години ми даваа неизмерна поддршка – истакна офанзивецот по реализираниот трансфер кај источниот сосед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни