Прв до полуфинален билет на Вимблдон: Нишикори „падна“ пред Ѓоковиќ

novak

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ е првиот полуфиналист на третиот грен слем турнир за оваа сезона Вимблдон.

Ѓоковиќ во денешната битка на „Ол Ингланд Клаб“ го победи Кеи Нишикори со 3-1 во сетови со 6-3, 3-6, 6-2 и 6-2. Натпреварот траеше два часа и 35 минути, период во кој Ноле дефинитивно беше подобар од својот противник и заслужено дојде на чекор до уште едно финале на неофицијалното светско првенство во тенис.

За да дојде Србинот во можност да игра за четвртата титула на Вимблдон ќе мора во полуфиналето да биде подобар од победникот од пресметката меѓу Рафаел Надал и Хуан Мартин Дел Потро. Новак против Шпанецот води со 26-25, додека пак против Аргентинецот има учинок од 14-4.

Facebook Коментари