Поврзете се со нас

АТП

Прв пехар во оваа календарска година: Ѓорческа триумфираше во двојки во Калви

Објавено

на

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ја освои првата титула во оваа календарска година и тоа на фјучерсот во Калви (Франција) каде триумфираше во двојки заедно со Амандин Ес.

Македонско-француската комбинација ја имаше улогата на први фаворити, носителки на турнирот, статус кој го потврдија со четири чисти победи од по 2-0 во сетови со тоа што во финалето беа надиграни Одри Алби и Леолија Жанжан.

Битката за пехарот траеше скоро еден ипол час, период во кој Лина и Амандин првиот сет го реализираа со 7-5, а вториот со 6-4.

Ова за Македонската е прво славје на еден фјучерс по 2019 година кога двапати триумфираше во сингл и петпати во дубл конкуренција.

Инаку турнирот во Калви се играше на тврда подлога за награден фонд од 25.000 американски долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни