Прв натпревар и веднаш асистенција: Спировски со фантастичен пас за погодок на Хапоел (Видео)

stefan

Македонскиот репрезентативец неодамна се пресели во израелскиот прволигаш Хапоел Тел Авив, а вчера веднаш го имаше првиот настап за овој клуб.

Играчот од средниот ред се најде во почетниот состав на Хапоел и веднаш остави одлични импресии.

Имено, Спировски беше асистент на единствениот погодок за Хапоел кој во 43. минута од натпреварот го постигна Персман. Нашиот репрезентативец ја зеде топката од својата половина, влезе во половината на противникот и упати „топка со очи“ до неговиот соиграч кој немаше тешка задача да го матира голманот на Нес Циона.

Facebook Коментари