Поврзете се со нас

Англија

Прв кандидат за гол на сезоната во Премиер лигата: Дуран испали „проектил“, Мартинез се фаќаше за глава (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/AVFCOfficial

Џон Дуран е вистински „џокер“ на Унаи Емери на стартот на сезоната, а тоа го покажа на три од четири натпревари во оваа рана фаза на шампионатот.

Колумбиецот се претвори во херој во големата пресврт победа на Астон Вила денеска во Бирмингем, односно беше творец за ново огромно разочарување за Евертон.

„Карамелите“ на втор меч во низа испуштија предност од 2:0, па ако пред две недели беа шокирани од Борнмут во самата завршница, сега беа грогирани од мајсторијата на Дуран за целосен пресврт.

По головите на МекНил и Калверт Луин, Воткинс постигна два гола за Астон Вила, но момент на мечот беше потегот на Дуран во 76-та минута.

Џон испорача неодбранлив проектил од 25 метри и ја закова мрежата во аголот од голот, мајсторија по која за глава се држеше и Емилијано Мартинез.

Спектакуларниот гол на Колумбиецот ги стана на нозе сите присутни на стадионот во Бирмингем, а воедно е прв кандидат за гол на сезоната во англиската елита.

Видеото од голот погледнете го ТУКА

 

 

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни