Прв асистент: Димитријевиќ одличен против Дарушафака

neno

Ненад Димитријевиќ одигра уште еден квалитетен натпревар за Хувентуд во Еврокупот и тоа на гостувањето во Турција кај Дарушафака.

Македонскиот плејмејкер имаше одлично издание и за 25 минути на паркетот постигна 13 поени (3/3 за еден, 2/5 за два, 2/3 за три) со 3 скокови и беше прв асистент на средбата во Истанбул (7 асистенции). Ама оваа негова партија како и таа на Клемен Препелиќ кој за составот од Бадалона реализираше 30 поени не беа доволни за позитивен резултат или во случајот Дарушафака славеше со 92-86.

Хувентуд има учинок од 4 победи и исто толку порази во групата Ц со што се наоѓа на третата позиција на табелата. Во следната рунда Нено и пријателите се домаќини на Уникс Казан.

Facebook Коментари