Провокација или предупредување: Фетел „испука“ нов рекорд во Барселона

vettel barselona test 2018

Себастијан Фетел го искористи претпоследниот ден од тестирањата за новата сезона на Формула 1 за да извози нов рекорден круг на патеката „Каталуња“ крај Барселона.

Возачот на Ферари во утринските часови од тестирањето направи резултат од 1:17.182 користејќи ги хиперсофт гумите, но ниту еден од конкурентите не тргна по неговиот пример. Дури и возачот на Ферари во попладневниот дел од тренингот се фокусирал на долгите стинтови. На овој ден, Кевин Магнусон од Хаас беше втор со задоцнување 1.178 секунди, додека возачот на Торо Росо, Пјер Гасли задоцни дополнителни три илјадити делови од секундата.

Од фаворитите, Ферстапен во име на Ред Бул правел симулација на трка, додека Хамилтон и Ботас тестирале со медиум пневматиците, но заедничко за сите е дека биле преку две секунди побавни од Фетел. Се очекува конкурентите да испробаат свои квалификациски сет-ап на последниот ден, но рекородот на патеката од Фетел укажува на зголемена конкурентност на Ферари – барем во борбата за пол позицијата.

Првата трка се вози на 25 март за Големата награда на Австралија.

Facebook Коментари