Свет
Противникот со крвнички старт ќе му ја скршеше ногата на Миовски: Сезоната за мене е завршена (Видео)

Бојан Миовски е откровение на сезоната во Првата фубалска лига во Шкотска, но за жал, македонскиот репрезентативец нема да може да ја заврши истата на теренот поради еден крвнички старт на противник.
Абердин вчера на домашен терен го надигра Сент Мирен и победи со 3:0, но овој меч донесе и една лоша вест, бидејќи Миовски мораше да го напушти терено по 34 минути игра.
Причина за тоа беше ужасниот старт на Тјери Смол од редовите на Сент Мирен, кој директно стартуваше на зглобот на Миовски и за малку не му ја скрши ногата.
Судијата покажа црвен картон дури по проверка на ВАР снимката, а Миовски со големи болки го напушти теренот и потоа се огласи на социјалните мрежи.
Добра вест е тоа што не станува збор за скршеница, но Миовски сега ќе мора да прави и магнетна резонанца за да се провери состојбата на лигаментите.
– За жал, ја завршувам сезоната со повреда на зглобот и добра вест е тоа што не е скршен. Ќе мора да направам дополнителни прегледи на лигаментите. Ви благодарам на сите за убавите пораки, ќе се вратам посилен, – порача Миовски, кој поради оваа повреда најверојатно ќе ги пропушти квалификациските натпревари во јуни против Украина и Англија.
Unfortunately i finish the season early with ankle injury and its good news that its not broken, i will have further exams tomorrow on my ligaments.
Thanks everyone for the great message i will come back strong 💪
BM9 ❤️ pic.twitter.com/FD42Ou0A75— Bojan Miovski (@bojanmiovskii) May 24, 2023
-
Германијапред 21 час
Кан доживеал брутално понижување од Баерн: Ова е најлош ден во мојот живот!
-
Шпанијапред 22 часа
Родриго претрча 70 метри и постигна неверојатен гол во Севилја (Видео)
-
Францијапред 20 часа
Голот на Меси доволен за историја и нова шампионска титула на ПСЖ (Видео)
-
Македонијапред 23 часа
Тиквеш приреди шпалир за новиот шампион, во Битола се крена трофејот после 18 години (Фото)
-
Англијапред 21 час
Капитенот на Лутон колабираше на теренот, па ја прослави промоцијата во Премиер лига од болнички кревет (Фото)
-
Англијапред 8 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Шпанијапред 6 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Македонијапред 21 час
ТЦР Европа: Давидовски до четвртото место во првата трка