Поврзете се со нас

Свет

Противничкиот менаџер за Миовски: Абердин има топ напаѓач кој ја направи разликата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AberdeenFC

Бојан Миовски повторно беше играч на натпреварот во дресот на Абердин, со два гола овозможувајќи пресврт и многу важна победа за неговата екипа против Ливингстон.

„Донс“ славеа на втор натпревар по ред во шкотското првенство, а македонскиот репрезентативец повторно е топ тема меѓу фановите на Абердин, но и сите кои го следат шампионатот.

За тоа како изгледаше текот на дуелот најдобро говори изјавата на менаџерот на гостинската екипа, Дејвид Мартиндејл.

– Моравме да реагираме подобро во двете гол ситуации, му оставивме многу простор на Миовски.

– Но, мора да признаеме дека тој е еден од најдобрите напаѓачи во лигата. Мислам дека се работи за топ фудбалер, поинаква класа, – рекол менаџерот на Ливингстон.

Миовски режираше пресврт со два гола, нова победа за Абердин во Шкотска (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни