Поврзете се со нас

Лига на нации

Простачки крај на балканското дерби: Куртиќ ги „поздрави“ српските навивачи пред телевизиската камера (Видео)

Објавено

на

Српската фудбалска репрезентација имаше голема поддршка на гостувањето во Љубљана, но сепак не успеа да ги израдува своите фанови кои во голем број допатуваа на „Стожице“.

„Орлите“ испуштија убава предност и не го материјализираа извонредното прво полувреме во кое постигнаа два гола, но покрај тоа што мораа да се помират со ремито од 2:2, гостинските фанови мораа да го гледаат и простачкиот потег на еден домашен фудбалер.

Српските фанови беа доста гласни од трибините и по последниот судиски свиреж, па во тие моменти, телевизиската камера улови еден некултуречн и простачки гест на Јасмин Куртиќ.

Играчот за врска на Словенија ги разбесни медиумите кај нашиот северен сосед, бидејќи јасно им го понуди меѓуножјето на гостинските фанови и остави црна дамка на балканското дерби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни