Поврзете се со нас

Репрезентација

Просинечки со коментар за веста дека ќе биде нов македонски селектор

Објавено

на

Српските медиуми вчера лансираа вест поврзана со нашата репрезентација која и тоа како ја разбранува јавноста во Македонија.

Имено, порталот „Курир.рс“ во ексклузивна вест објави дека Роберт Просинечки ќе седне на клупата на Македонија и ќе ги предводи нашите репрезентативци на Европското првенство.

Ваквата вест во Македонија беше дочекана со големо негодување со оглед на фактот што целокупната македонска јавност му дава поддршка на селекторот Игор Ангеловски кој е креатор на историскиот успех во нашиот фудбал.

Сега за целата оваа ситуација се огласи и Роберт Просинечки кој во интервју за хрватските медиуми демантираше дека разговарал со некој од ФФМ за преземање на селекторската позиција.

– Прв пат слушам такво нешто, не ги читав порталите. Значи, навистина не знам ништо за тоа, ете ви велам, прв пат слушам такво нешто. Воопшто не сум разговарал со никој од македонскиот сојуз . Јас сум во Загреб, дома по враќањето од Турција, други вести нема, -нагласи Роберт Просинечки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни