Поврзете се со нас

Лига на нации

Просинечки по новиот пораз: Ова е катастрофа, ќе мора да разговарам со Савичевиќ

Објавено

на

Црна Гора последен пат победи на еден натпревар во месец март, и тоа интересно го направи во дуел против Македонија кој беше од пријателски карактер.

Од тој момент, тимот кој го предводи Роберт Просинечки остварува поразителни резултати, па легедарниот хрватски фудбалер и официјално се претвори во селектор со најлош скор во историјата.

По шесте порази од Белгија, Грузија, Исланд, Велс (двапати) и Турција, Црна Гора денеска повторно загуби од Исланд и на домашен терен, па со тоа стигна до седми неуспех во серија.

Ова голем удар и за гордоста на Просинечки кој почна со две победи како предводник на Црногорците, а тоа може да се заклучи и од неговата изјава по новиот пораз од 0:2.

– Ова е катастрофа, седми пораз во низа…… Примивме два евтини гола, тие беа подобро физички подготвени од нас. Ние имавме свои шанси, но не ги искористивме, а после беше тешко да се вратиме. Во еден момент и доминиравме, но сето тоа беше залудно.

– Ќе разговарам со претседателот Дејан Савичевиќ по мечот со Турција кој следи, па ќе видиме што ќе правиме. Прашање е како ќе одговориме против Турција после ваков разочарувачки меч, – искрено изјавил Просинечки, кој по се изгледа може доста брзо да ја заврши авантурата како селектор на Црна Гора.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни