Поврзете се со нас

Свет

Просинечки го одбра најдобриот фудбалер на сите времиња: Некои велат Марадона, други Роналдо, ама за мене…

Објавено

на

Роберт Просинечки е фудбалско име кое има посебна тежина на овои простори, име кое дефинитивно останува запаметено во историјата како едно од најдобрите во поранешна Југославија.

Популарниот Жути во својата играчка кариера настапуваше и за најголемите шпански гиганти Реал Мадрид и Барселона, а тоа добро говори за неговиот квалитет, знаеше и умешност со топката. Денеска тој гради тренерска кариера и во моментов е на чело на турскиот прволигаш Кајзериспор, па од таа гледна точка и тоа се што има поминато низ животот и кариерата се обиде да даде одговор на тоа кој е најголемиот играч во историјата на овој спорт.

-За мене Меси е најдобар, толку години прави разлика во Барселона, освои се што може, даде толку многу голови, даде толку многу асистениции…да не зборувам како игра фудбал.

-Некои ќе кажат Марадона, Роналдо…тоа секако беа добри играчи, ама за мене Лео е најдобар.

-Некој може да каже Кристијано Роналдо, Бразилецот Роналдо кој исто така сам добиваше натпревари, ама ако морам да одберам еден за мене најдобар е Меси, -порача Хрватот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни