Поврзете се со нас

Шпанија

Просинечки го издвои најдобриот потег на Ханси Флик и управата: На Барса и недостасуваше таков играч

Објавено

на

foto:www.facebook.com/FudbalskiSavez

Роберт Просинечки е фудбалска легенда од Балканот и важи за еден од најдобрите во историјата од овие простори, но бидејќи својата кариера ја градеше и во Шпанија, тој останува достапен за медиумите од Пиринеите.

Легендарниот Хрват може да се пофали дека во своето си-ви има настапи за Реал Мадрид и Барселона, а како човек кој ужива да гледа млади и талентирани играчи, вели дека каталонскиот гигант изгледа извонредно со Ханси Флик.

– Јас навивам за Реал Мадрид бидејќи тие први ме однесоа во Европа, но Барселона исто така е огромен и импресивен клуб. Секогаш сум го велел тоа, го кажувам и сега. Го гледав последното „Ел Класико“, Барселона е извонредна со Ханси Флик. Сите се борат до последен здив, конечните 0:4 беа спектакуларни. Барселона игра подобар фудбал од Реал, без оглед на тоа што „кралевите“ имаат многу поголеми ѕвезди. Во Барселона сите играчи се „убиваат“ за Флик и тоа се гледа од натпревар во натпревар, – вели Просинечки во интервјуто за „Мундо Депортиво“.

Во разговорот, Просинечки го издвојува и фудбалерот кој добро го познава од деновите во Хрватска, импресивниот офанзивец, Дани Олмо.

– Го познавам Олмо од времето кога дојде во Загреб. Го запознав заедно со неговиот татко. Тоа што го гледате сега во Барселона, ние во Хрватска го видовме пред неколку години. Во Барселона подобро ќе се прочуе, но ние сите квалитети му ги видовме во Хрватска. Тој е огромно засилување за Барселона.

– Сите го сакаа во Хрватска, го научи хрватскиот јазик и се работи за многу интелигентно момче. Потоа растеше и во Лајпциг, а сметам дека Барселона направи одличен потег со Дани. На Барса и недостасуваше таков играч, навистина многу ми се допаѓа да го гледам како игра,- открива Просинечки.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни