Поврзете се со нас

Свет

Просинечки ги избра најдобрите 11 со кои играл: Поради него Панчев и Шукер мораат на клупа

Објавено

на

Роберт Просинечки зад себе има успешна фудбалска кариера, во која стана европски шампион со Црвена Звезда, а подоцна имаше можност да го носи дресот и на великани како Барселона и Реал Мадрид.

Сега актуелен како тренер, Хрватот реализирал интервју за „Мондо“, а во него избрал најдобра постава на фудбалери со кои играл во својата кариера.

Според правилата, популарниот „Жути“ смеел да избере само еден играч од различни екипи односно репрезентации за кои настапувал, а тоа подразбира дека можел да истакне само еден играч од шампионската генерација на Црвена Звезда.

Се одлучил за Дејан Савиќевиќ, а во тимот се голманот Ведран Руње (Стандард), Парало (Овиедо), Јеро (Реал Мадрид), Билиќ (Хрватска), Јарни (младинска репрезентација на Југославија), Паз (Севилја), Бобан (Динамо), Сушиќ (Југославија), Савиќевиќ (Ц. Звезда), Роналдо (Барселона), Крауч (Портсмут).

Специфичните правила на изборот оставија многу големи играчи надвор од идеалниот тим на Просинечки, а интересно е неговото објаснување за напаѓачката позиција.

– Со Роналдо одиграв само неколку натпревари, но како да не го ставиш во тимот, би бил нефер кон себе и кон другите. Поради него играчи како Панчев, Шукер и Бокшиќ мораат на клупа, а тоа доволно зборува. Го имав покрај себе на врвот на својата моќ, само што стигна од ПСВ и беше жеден за докажување и гладен за голови.

– Признавам се што направи со Интер, но никаде на друго место не играше толку моќно како во Барса. Против Компостела ја зема топката, противниците паѓаа како кегли, а фраерот си влезе во гол како да нема никој друг на теренот, – вели Просинечки.

Хрватската легенда за тренер на својот идеален тим го избрал Јохан Кројф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни