Поврзете се со нас

Шпанија

Прошталната порака на Гуедеш ги разбесни фановите на Валенсија (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/valenciacf

Гонсало Гуедеш и натаму важи за најскап играч во историјата на Валенсија поради тоа што „лилјаците“ платија 40 милиони евра на ПСЖ за неговиот ангажман, иако од тој ден поминаа пет години и многу ситуации на „Месталја“.

Португалскиот репрезентативец пред два дена и официјално стави крај на својата авантура во Валенсија и клубот го продаде на Вулверхемптон во трансфер кој може да достигне 37 милиони евра, но она што ги разочара верните фанови на клубот од Шпанија е пораката која ја испрати Гуедеш на социјалните мрежи.

Гонсало се одјави со прескромна порака за своите пет години минати во Валенсија, иако беше омилен меѓу навивачите и секогаш добиваше поддршка и во најтешките денови.

– Ти благодарам Валенсија за овие пет години, – гласи кратката порака на Гуедеш со која тој се одјави од „Месталја“.

Според навивачите на Валенсија, ова е прескромно и пресиромашно од страна на Португалецот, па затоа го „бомбардираа“ неговиот Инстаграм профил и му ја упропастија објавата со зајадливо коментари за неговото „благодарам“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни