Поврзете се со нас

Англија

Проработе новата врска: Де Брујне асистира, Халанд матира (Видео)

Објавено

на

Ерлинг Халанд имаше ѕвездено отворање на новата авантура во Премиер лигата, бидејќи на англиската јавност и се претстави со два погодоци на првиот меч против Вест Хем.

Манчестер Сити имаше посакуван старт на сезоната во која влегува како бранител на титулата, а првите три бода ги освои благодарение на своето најскапо и најзвучно летно засилување.

Халанд се очекува да биде носител во нападот на „граѓаните“, па Пеп Гвардиола може да биде доста помирен по денешното издание, бидејќи првото во „Комјунити Шилд“ беше доста неуверливо.

Ерлинг денеска најпрво се избори за пенал и самиот го материјализираше за водство од 1:0 во првиот дел, додека во второто полувреме ја презентираше и својата страшна брзина.

Новата врска проработе во Сити, бидејќи Кевин Де Брујне мајсторски го проигра Халанд, а овој без проблеми го матираше Ареола за поставување на конечните 2:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни