Поврзете се со нас

Шпанија

Пропаднатото засилување на Барса: Не ми е важно што не играв, Барселона ме направи милионер!

Објавено

на

Алекс Сонг како докажан фудбалер во Арсенал направи изненадувачки трансфер во Барселона во 2012-та година, а иако практично важеше за член на каталонскиот гигант четири години, одигра едвај две сезони на „Камп Ноу“.

Како што се очекуваше, Камерунецот не успеа да се снајде во концепцијата на Барса и многу брзо мораше да се врати во Премиер лигата каде играше на позајмица во Вест Хем, но играчот за врска воопшто не се кае за времето минато во Шпанија, бидејќи како што вели самиот, Барселона го направила милионер.

– Барселона сериозно се интересираше за мој ангажман и кога зборев со спортскиот директор на Барса, тој беше навистина искрен со мене.

– Ми порача дека нема да играм многу, а јас му возвратив искрено. Му реков дека не ми е важно, знаев дека со тој договор ќе станам милионер, – порачува Сонг во своето обраќање на Инстаграм.

Инаку, по периодот во Барса и Вест Хем, Сонг се испроба во Рубин Казан, а во овој момент како негов клуб и натаму се води швајцарски Сион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни