Пропаднатиот талент на Реал се испроба како актер во мафијашки филм посветен на кокаинот (Фото)

drente-roben

Угледната „Марка“ пред два дена го вметна Ројстон Дренте во идеалниот тим од пропаднати засилувања на Реал Мадрид, но без никаков сомнеж може да се каже дека поранешниот голем холандски талент е едно од најголемите разочарувања во Европа во последните десет години.

Играчот кој многу ветуваше на крајот на минатата декада и кој со силен залет започна во „кралскиот клуб“ имаше вртоглав пад во кариерата, па сега во ситуација кога игра за аматерски клуб во родната земја, се обидува да се промовира и во сфери надвор од спортската.

Дренте најави дека една од неговите желби е да глуми во филм, а сега му се исполни истата откако беше ангажиран во популарната серија „Мокро Мафија“ која е актуелна во Холандија. Станува збор за серија во која тројца пријатели започнуваат да препродаваат кокаин и брзо ја преземаат контролата во подземниот свет во Амстердам, по што сите ќе се свртат еден против друг. Во најновите епизоди на оваа популарна серија се појавува и Дренте кој во неколку сцени е прикажан како мафијаш кој држи пиштол во рацете.

– Дојде моментот. После долготраен молк, конечно можам да соопштам дека може да ме гледате во серијата Мокро Мафија! Со многу емоции го доживувам своето учество во серијата и не можам да дочекам за да уживам заедно со гледачите и да ја проследам мојата улога. Емотивен сум што ќе ја видите другата страна на Ројстон, се очекувам дека ќе уживате исто колку мене, – порача Дренте.

ѓ

Facebook Коментари