Поврзете се со нас

Шпанија

Пропаднатиот талент на Реал остана без клуб: Да не се повредев, ќе ја освоев „Златната топка“

Објавено

на

Foto:twitter.com/Ankaragucu

Хесе Родригез е еден од плејадата фудбалери кои излегоа од младинската школа на Реал Мадрид, но тој беше еден од ретките кои доби шанса во првиот тим и кој имаше навистина импресивни изданија.

Пред десетина години, Хесе важеше за еден од најголемите светски таленти и со своите партии за „кралевите“ го привлече вниманието, но во моментите кога беше најдобар, Родригез заработи тешка повреда на коленото.

Од тој момент, кариерата на Хесе отиде во надолна линија, а сега дојде до ситуација да тренира индивидуално и да чека повик од клуб кој ќе му даде нова шанса на 30 години.

Времето минато во првиот тим на Реал сега делува како далечно минато за Хесе, кој во најновото интервју на „Марка“ се наврати и на својата незаборавна изјава од 2016-та година.

Полн од самодоверба поради влезот во првиот тим на Реал, тогаш Хесе изјави дека е способен да ја прекине доминацијата на Меси и Роналдо во изборот за „Златната топка“, па иако сега е јасно дека тоа никогаш нема да се случи, Шпанецот кој е роден на Канарските Острови се уште стои зад таа изјава.

– Се сеќавам на таа изјава, го кажав тоа кога бев во најдобар фудбалски момент. Постигнував голови за Реал, играв со ѕверови во првиот тим и бев дел од најголемиот клуб во светот. Ја дадова таа изјава бидејќи потполно верував во себе. Секогаш сум верувал во себе. Тешко е да се каже дали ќе стигнев до „Златната топка“, но ако не се повредев, навистина мислев дека ќе ја освоев, или ќе бев блиску до неа. Тоа е моето мислење, секој може да има друго мислење и го почитувам тоа. Ќе го кажам повторно, ако продолжев да играм во таква форма, ќе бев блиску до „Златната топка“, – вели Хесе кој сега има целосно поинаква рутина од обично.

– Тренирам сам од понеделник до петок, а понекогаш и во сабота. Имам двојни сесии и чекам повик од вистински клуб. Ја чекам вистинската шанса, сакам да одам во клуб кој ќе ми вети играње на редовна база. Со нетрпение ја чекам новата авантура, се надевам дека ќе биде тука блиску во мојата Шпанија, – додава Хесе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни