Поврзете се со нас

Англија

Пропаднатиот талент на Јунајтед му одговори на Руни: Неговите зборови ме растажија

Објавено

на

Равел Морисон е подзаборавен талентиран фудбалер на Манчестер Јунајтед кој сега стана повторно актуелен благодарение на Вејн Руни, легендарниот напаѓач на „ѓаволите“ кој во текот на вчерашниот ден потенцираше дека тој бил далеку подобар од Пол Погба и Џеси Лингард.

Руни навистина изненади со изјавата која ја даде за Морисон кој после Јунајтед промени уште десет клуба, а со оглед на тоа што станува збор за играч кој се уште е активен како професионалец (игра на позајмица во Мидлзброу), офанзивниот везен фудбалер експресно одлучи да му одговори на Вејн за убавите зборови.

Морисон признава дека со болка во срцето ги примил зборовите на Руни, бидејќи неговото мислење е јасен доказ дека можел да има далеку подобра кариера од онаа која досега ја изгради.

– Повеќе од јасно, тоа беа неверојатни коментари од Руни. Особено кога пристигнуваат од таков играч, тоа прави да се чувствувам посебно. Тој е еден од најдобрите кои некогаш се појавиле во Англија, но истовремено, неговите зборови ме растажија. Ми докажаа дека можев многу повеќе, морав многу подобро од тоа до сега. Се надевам дека можам подобро, се уште имам време. Знам дека поседував потенцијал, но не го сфатив тоа доволно добро и не ги разбрав работите на најдобар начин, – вели Морисон за „Токспорт“, сега 27-годишниот фудбалер кој своевремено го освои ФА Купот како младинец на Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни