Шпанија
Пропаднатиот талент на Барса кој го уништија повредите: Научив една многу важна лекција од фудбалот

Исак Куенка беше еден од големите таленти на Барслеона кои добија шанса за настап во првиот тим од Пеп Гвардиола, но за разлика од некои други примери од сегашноста, тој не успеа докрај да ги оправда очекувањата и да триумфира на највисока сцена.
Куенка беше надежно шпанско крило и се обидуваше да се врати на вистински пат со етапи во Ајакс, Депортиво Ла Коруња и Гранада, но голем проблем во неговиот фудбалски пат му направија проблемите.
Поради тешките и хронични проблеми со коленото, Куенка реши да стави крај на кариерата на 32 години и да се фокусира на бизнисот кој го развива со помагала за спортската медицина, а пред возбудливото поглавје во кариерата, реши да направи една мала ретроспектива за тоа што го доживеа како професионален фудбалер.
– Научив една многу важна лекција од фудбалот, а тоа е дека не секогаш работите излегуваат како што вие замислувате. Ако мислите дека сте најдобар, секогаш треба да знаете дека има подобар од вас. Кога мислиш дека си навистина добар, следи повреда и после веќе никој нема да те сака. Јас отидов на места на кои никогаш не замислив дека ќе одам, а еве како завршив, пензиониран сум на 30-тина години, – вели Куенка.
– Немаше друг избор освен да се повлечам. Направив шест операции на коленото, сите на истата нога. Сакав да се обидам за последен пат, но шестата операција беше многу тешка и решив дека е време за крај. Сакам да имам нормален живот во иднина, – додава Куенка, кој до крајот на животот ќе може да раскажува со кој ја делеше соблекувалната во Барса.
– Дојдов од Сабадељ, а завршив со најдобрите играчи во светот. Имав голем притисок, но успеав да бидам блиску до нив и да ги гледам што прават со топката. Лео Меси, Чави, Иниеста, Валдес, деновите со нив никогаш нема да ги заборавам, – завршува 32-годишниот Шпанец.
-
Италијапред 24 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Светпред 9 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Англијапред 22 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Англијапред 14 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
Светпред 22 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
АТПпред 14 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…
-
Европски куповипред 23 часа
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет
-
Англијапред 7 часа
Ѕвезда на Јунајтед се пожали: Критиките од легендите на овој клуб уништуваат животи!