Поврзете се со нас

Германија

Пропаднатата ѕвезда на Ливерпул прогласена за најлош играч во Бундеслигата (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/werderbremen_en

Кариерата на Наби Кеита доживеа страшен пад во последните неколку години и главна причина за тоа се повредите, но крајот на оваа сезона покажа дека играчот за врска има проблеми и со дисциплината.

Пропаднатата ѕвезда на Ливерпул си замина од „Енфилд Роуд“ откако му истече договорот на крајот на минатата сезона, па во тој момент со голема сатисфакција ја прими понудата која ја доби од Бундеслигата.

Кеита го прифати проектот на Вердер Бремен и се врати во Германија со цел да се врати во препознатливата форма, но поранешниот член на РБ Лајпциг не само што не ја оправда довербата, на крајот предизвика и скандал.

Фудбалерот од Гвинеја одби да оптатува на гостувањето кај Баер Леверкузен откако дознал дека нема да биде од стартната постава и од тој момент беше суспендиран од клубот до крајот на сезоната, но сега повторно стана доста вирален на социјалните мрежи поради гласањето од професионалните играчи во Германија.

Неговите колеги изгласале дека Кеита е најлош играч во Бундеслигата, односно повеќе од 25 проценти го прогласиле за најголемо промашување во сезоната која измина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни