Поврзете се со нас

НБА

Пропадна најавениот трејд: Лејкерс остана без планираниот центар (Фото)

Објавено

на

Лос Анџелес Лејкерс го „запали“ трансфер пазарот во Америка со трејдот на Ентони Дејвис за Лука Дончиќ, но многу брзо по оваа информација, „езерџиите“ практично го договорија и Марк Вилијамс.

Заминувањето на Дејвис значеше дека Лејкерси губат голем адут под обрачите, па иако беше се договорено за трејд на Вилијамс, младиот кошаркар на крајот нема да заигра за тимот од Калифорнија.

Како што уверуваат сите угледни американски извори, трејдот меѓу Лејкерс и Шарлот пропаднал во последен момент, откако 23-годишниот Вилијамс не ги минал медицинските прегледи.

Ова неочекувано сценарио прави да пропадне еден трејд од кој максимално требаше да профитира Лејкерс, а сега водечките луѓе на оваа франшиза ќе треба да бараат и решение за Далтон Кнехт и Кем Редиш кои требаше да завршат во Шарлот.

Оваа информација на крајот беше официјално потврдена и од Хорнетси, кои пак најавија дека со отворени раце го чекаат Вилијамс во нивниот тим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни