Пронајде ангажман: Самарџиски повторно ќе игра во Турција!

Samargiski-Chekovski

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец, Предраг Самарџиски својата кариера ќе ја продолжи во Турција.

Тој долго време чекаше на нов ангажман откако минатата сезона настапуваше во МЗТ Скопје и ја освои лигашката титула, односно нов негов клуб е Самсун БСБ Анакент. Ова е состав кој се натпреварува во втората турска лига и по пет одиграни кола има учинок од 1 победа и 4 порази со што се наоѓа во долниот дел на табелата.

За искусниот центар ова е ново враќање во Турција со оглед на тоа што претходно настапуваше за  Мерсин, Анкара и Бујукчекмеџе.

Facebook Коментари