Поврзете се со нас

Македонија

Промовирано уште едно ново име: Стевковски ќе го чува голот на шампионот Струга (ВИДЕО)

Објавено

на

Актуелниот македонски шампион, Струга Трим Љум официјално промовираше уште едно засилување за натпреварувачката 2024/2025 и тоа засилување на голманската позиција.

Нов член на стружани е досегашниот голман на Македонија Ѓорче Петров, Христијан Стевковски. По испаѓањето на „лавовите“ од ПМФЛ стана јасно дека Стевковски ќе се замине од Ѓорче Петров со оглед на тоа што се работи за еден од најдобрите домашни голмани.

Новиот ангажман му е во Струга каде за позицијата број еден ќе се бори со Филип Дујмовиќ кој исто беше доведен во овој преоден рок.

Првакот досега ги обезбеди и потписите на Стефан Спировски, Кире Ристевски, Арби Воша, Бојан Илиевски, Стефан Јевтоски и Масаки Такахара.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни