Промовиран филмот „Еден живот, една љубов“ во чест на јубилејот на ФК Вардар

Vardar-Pobeda

Во просториите на Македонскиот олимписки комитет беше одржана промоција на спортско-документарниот филм посветен на јубилејот 70 години постоење на ФК Вардар – „Еден живот, една љубов“.

Тоа е проект работен 9 месеци од продуцентската куќа „ПГМ Нетворк“ од Белград, а поделен е во три епизоди: во првата е периодот од 1947 до 1963 г., во втората од 1963 до 1987, во третата од 1987 до 2017. Автори се новинарите Радован Максимовиќ и Катарина Синѓелиќ, а идејата е на Живко Здравкоски.

Наратор и водич во филмов, во кој има многу симболика, инсерти од натпревари, многу успешни и среќни моменти за големото вардарово семејство кои ќе предизвикаат позитивни емоции, е најпопуларниот македонски спортист во историјата – Дарко Панчев. Говорат уште многу поранешни и сегашни, трофејни, фудбалери (и капитени), тренери, функционери, доајени на спортското коментаторство и истакнати навивачи на Вардар. На промоцијата присуствуваа голем број легенди на Вардар, но не и претставници на актуелното раководство на македонскиот шампион.

Facebook Коментари