Промотивна акција за едукација и безбедност при користење ТНГ од страна на Макпетрол

makpetrol boci

Најголемата македонска компанија за трговија со енергенси, Макпетрол АД, на прес конференција во Скопје презентираше ново упатство за безбедно ракување и користење на боци со течен нафтен гас (ТНГ).

Имајќи предвид дека во нашата земја се поголем број на домаќинства го користат овој енергенс, односно на месечно ниво околу 50.000 корисници според сознанијата на компанијата, Макпетрол објави дека во тек е промотивна акција за едукација на потрошувачите на ТНГ. За локалниот пазар е од извонредно значење податокот дека емисијата на штетни материи е помала и со ТНГ се заменуваат повеќе видови на горива – загадувачи.

– Макпетрол досега има преземено низа соодветни безбедносни мерки и препораки што се однесуваат на безбедно ракување и користење на овој производ. Имено, компанијата поседува своја современа карусел полнилница каде што се врши проверка на наполнетоста на секоја боца, а по завршениот процес на полнење и проверка на исправноста, се врши поставување на специјални заштитни капи на вентилите на боците, со што се гарантира точноста на наполнетоста на боците и нивната техничка исправност,- рече Сашо Дамчевски на прес конференцијата, кој е раководител на полнилница Миладиновци. – Макпетрол е единствен на пазарот во републиката што поседува сертифициран сервис за контрола и сервисирање плински боци и противпожарни апарати со што се обезбедува нивна максимална исправност и претставува гаранција за сигурноста и безбедноста при ракување со пропан-бутан гасот,- додаде Дамчевски.

Упатството во форма на отпечатен пластичен диск отсега ќе биде составен дел од боците со ТНГ на Макпетрол. Преку оваа новина корисниците ќе бидат соодветно информирани за потребните безбедносни мерки за ракување, користење и чување на боците ТНГ за домаќинства, кои ги има со капацитет од 2, 3 , 5, 10, 23 и 35 килограми. Составот на течниот нафтен гас е мешавина од пропан и бутан, а истиот се применува секаде каде што е потребен лесно пренослив енергенс.

– Од денес, вака опремени боци ќе бидат достапни на сите бензински станици на Макпетрол каде што се продаваат боци со ТНГ за домаќинства, така што ова кратко упатство ќе го добијат сите наши потрошувачи-корисници на боците со ТНГ за домаќинства и при тоа, што е најважно, значително ќе се зголеми степенот на безбедно ракување и користење на боците со ТНГ. Следејќи ги светските стандарди, компанијата Макпетрол и понатаму ќе продолжи да се грижи да обезбеди квалитетни услуги и производи. Горди сме што можеме да кажеме дека Макпетрол овозможува квалитетен пакет кој го сочинуваат производите и услугите поврзани со истите, бидејќи веруваме дека нашите потрошувачи тоа и го заслужуваат. Оваа заложба на компанијата е препознаена и наградена од нашите верни корисници што секогаш ни претставува поттик за нашата понатамошна работа,- додаде Мишко Тасевски, раководител на сектор маркетинг – Макпетрол.

За време на промотивниот период, како составен дел на боците за домаќинство на Макпетрол ќе биде и специјален клуч за затегнување на матицата од регулаторот на притисок кон боцата за течен нафтен гас со што значително ќе се олесни приклучувањето на боцата кон потрошувачите од домаќинствата што користат ТНГ.

makpetrol boci2

Facebook Коментари