Свет
Промотерите на „Супер лигата“ преговараат со 50 клубови од Европа

Додека Јувентус има проблеми со драстичната казна во својата земја, Реал Мадрид и Барселона ги продолжуваат активностите со промоција на проектот Супер лига, пренесува „Лекип“.
Шпанските клубови преку агенцијата промотер на натпреварувањето веќе се во отворени преговори со 50 клубови од 12 земји, подготвувајќи турнир со формат кој ќе биде поразличен од првично објавениот.
Идејата е да се понуди место во новото натпреварување, но и да се слушнат мислењата на клубовите околу планираните правила за учество, со што би се создала важна база поддржувачи кои нема да бидат поврзани со англиските клубови.
„Лекип“ пренесува дека форматот предвидува и селари-кап ограничувања во однос на платите за фудбалерите, како и други правила кои ќе функционираат подобро од актуелниот финансиски фер-плеј на УЕФА.
Европскиот суд допрва треба да ја донесе одлуката по конфликтот меѓу УЕФА и основачите на Супер лигата, но во најлош случај УЕФА ќе има право да ги исфрли клубовите од своите натпреварувања, што би било компензирано со подготвена Супер лига со учество на голем број екипи од Европа.
-
Англијапред 19 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Светпред 23 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 20 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Англијапред 23 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Англијапред 19 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Балканпред 24 часа
Озил решил да ја заврши кариерата среде сезона
-
Шпанијапред 6 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час