Поврзете се со нас

Шпанија

Промоција за паметење: Иско остана без текст од тоа што му го приредија навивачите на Севилја (Видео)

Објавено

на

Иско Аларкон пристигна во Андалузија како слободен агент и потпиша двегодишен договор со Севилја, клуб кој вчера ја официјализираше зделката и со спектакуларна промоција.

Голем удел во тоа имаа и страствените навивачи на Севилја, кои го одложија стандардното жонглирање од големото засилување за да го истераат својот традиционален ритуал на „Рамон Санчес Писхуан“.

Иско остана без текст од тоа што му го приредија фановите на Севилја, бидејќи пеењето на химната од илјадниците навивачи беше толку силно и моќно, што доскорашениот играч на Реал мавташе со рака на изведбата од трибините.

Поранешниот шпански репрезентативец доживеа пречек за паметење во новиот клуб, па како што вети при првото интервју, сега цел ќе му биде да докаже дека никогаш не го загубил квалитетот, иако не играше редовно фудбал во последните две сезони во Реал.

На почетокот на летниот преоден рок, Иско беше блиску до премин во Бетис, но на крајот заврши во другиот дел од градот и Севилја е таа која го обезбеди неговиот потпис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни