Промоција Волво ХС 60: Иднина на безбедноста кај возилата

volvo promocija xc60 skopje 2017

Европскиот лидер во класата на премиум SUV-возила, Волво ХС 60, во Македонија лансираше продажна кампања со новата, втора генерација на ова овој автомобил.

Два дизелски и два бензиски мотори, како и еден хибриден агрегат ја сочинуваат понудата за погонот. Дизелските мотори се со ознаки „D4“ и „D5“, двата имаат зафатнина од по 2,000 сантиметри кубни, но се разликуваат во моќноста: 190 КС наспроти 235 КС. Кај „бензинците“ ознаките се „Т5“ и „Т6“, исто така со зафатнина од по два литра, додека моќноста е изразена со 254 КС наспроти 320 КС. Хибридниот агрегат „Плуг Ин“ е комбинација од бензинскиот „Т6“ мотор и електромотор од 87 кс, па така вкупно на располагање има 407 коњски сили. Со едно полнење на батеријата од 3 часа, автономно на струја, може да поминете околу 40 кмилометри. Со овој мотор може да одберете тивко возење, само на струја низ град или да излезете надвор од градот и да ја искористите максималната моќ што ви е на располагање.

Новата СПА платформа на Волво ХС60 му овозможува да се избира меѓу стандардно подвозје, спортско и воздушна суспензија со активни амортизери. Последната од овие опции нуди приспособување на четири начини на возење, односно еко, комфорт, динамик и оф-роуд. Три нивоа на опременост исто така даваат можност за персонализација на секое возило одделно, почнувајќи од алуминиумски фелни кои се движат во распон од 18 до 22 инчи, но и мноштво на безбедносни системи: паркинг сензори, четири камери, предупредување при излегување од паркинг доколку наидува друго возило, итн.

Овој автомобил е исчекор кон планот наречен „Визија 2020“, според кој никој не треба да загине или биде сериозно повреден во ново возило од Волво. Оттука, слоганот „Иднина за безбедноста“ јасно ја отсликува мисијата на ХС60, кој важи за мошне посакуван на европскиот пазар.

Со промовирање на новиот модел, има и промотивна цена од 52,990 евра за D4 моторот со високо ниво на опрема.

Facebook Коментари