Поврзете се со нас

Англија

Промени во Сити кои нема да му се допаднат на Кевин Де Брујн

Објавено

на

Англиските медиуми пренесуваат дека во соблекувалната на Манчестер Сити била донесена конечна одлука околу тоа кој ќе биде капитен и заменик капитен на клубот.

Досега прв избор за капитенската лента на Пеп Гвардиола беше Фернандињо, а откако играчот се согласи на продолжување на договорот тој ќе остане и прв капитен на клубот.

Него минатата сезона како заменик капитен го менуваше Кевин Де Брујн кој ја носеше капитенската лента и за време на финалето од Лигата на шампионите кое Сити го загуби од Челси.

Сепак, сега ќе следат промени меѓу заменик капитените, па Де Брујн нема да биде втор избор за капитен, туку тоа ќе биде Илкај Гундоган.

„Телеграф“ пишува дека Де Брујне нема да биде ни трет избор затоа што таа позиција ќе ја има Рубен Дијаш, а Белгиецот ќе биде дури четврти избор за капитен на клубот. Тоа сигурно нема да му се допадне на играчот кој минатата сезона беше најдобар поединец на клубот кој ја освои Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни