Поврзете се со нас

Евролига

Промени во правилата, нема службени порази за екипите кои имаат проблеми со КОВИД-19

Објавено

на

Сите натпревари од Евролигата и Еврокупот кои беа одложени поради корона вирусот сепак ќе бидат одиграни, соопштија денеска од „ЕКА“.

Ова значи дека менаџментот на Евролигата се врати на првичниот протокол донесен пред почетокот на сезоната, но во меѓувреме, не се придржуваше според истиот, а поради промените во пропозициите за време на натпреварувањето, беа оштетени неколку клубови.

Сега се променети прописите кои ретроактигвно ќе се однесуваат на седум натпревари кои досега не беа одиграни поради позитивни случаи на корона вирус.

Како се наведува во соопштението во случај да екипата нема осуммина играчи на располагање за одигрување на натпреварот, или ако тимот се наоѓа во карантин, натпреварот може максимално да се одложи три пати, под услов да постојат термини за нивно одигрување.

Во случај да нема слободни термини и ако натпреварот претходно три пати бил одложуван,  тогаш клубот поради кој првобитно бил одложе, ќе го загуби натпреварот со службен резултат (20-0).

Поставени се и крајните рокови до кога мечевите може да бидат одложени:

-13.април 2021, за мечевите од регуларниот дел на Евролигата

-5.мај 2021, за мечевите од плеј-офот на Евролигата

-22.декември2020, за мечевите од регуларниот дел во Еврокупот

-23.февруари 2021, за мечевите од плеј-офот во Еврокупот

Овие изменети прописи сега се однесуваат за четири натпревари од Евролигата:

Асвел – Панатинаикос

Асвел – Црвена Ѕвезда

Басконија – Зенит

Валенсија – Зенит

Кога станува збор за Еврокупот тоа се средбите:

Цедевита Олимпија – Бурсаспор

Венеција – Бург

Бург – Уникс

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни