Поврзете се со нас

Формула 1

Промени во пласманот на Имола: Алонсо го освои првиот бод, казна и за Строл

Објавено

на

Фернандо Алонсо го освои својот прв поен во повратничката сезона во Формула 1 и тоа благодарение на казната која вечерва ја доби Кими Раиконен.

Возачот на Алфа Ромео доби казна од 30 секунди поради прекршување на правилата за возење во периодот кога на патеката е безбедносното возило, па со дополнителното време ја загуби деветтата позиција, истовремено овозможувајќи му на поранешниот светски шампион да го освои десеттото место и првиот бод со болидот на Алпин.

Раиконен се извртел пред продолжувањето на трката, па предоцна се вратил на позицијата која ја имаше пред прекинот, а во таква ситуација морал да стартува од боксот и да ги пропушти останатите болиди.

Естебан Окон како тимски колега на Алонсо напредуваше на деветтото место, па францускиот тим на многу попозитивен начин ќе го анализира настапот на патеката Имола.

Казна од пет секунди заработи и Ленс Строл од Астон Мартин, затоа што нелегелно го претекнал Пјер Гасли од АлфаТаури. Тоа значи дека овие возачи си ги заменија местата, па Гасли го освои седмото, а Строл осмото место на Имола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни