Поврзете се со нас

Балкан

Промени кај соседите: Тумбаковиќ е минато, Србија ќе добие нов селектор

Објавено

на

Љубиша Тумбаковиќ повеќе не е селектор на репрезентацијата на Србија. Ова е најновата вест која ја соопштија нашите соседи кои се одлучија за промена, раскин на договорот со Тумбаковиќ и тоа откако националниот тим не успеа да се избори за пласман на ЕП.

Србија не најде начин да дојде до завршницата на шампионатот, поточно ниту преку квалификациите, ниту преку Лигата на нации каде застана на последната пречка, репрезентацијата на Шкотска.

Тумбаковиќ ја водеше Србија од 1 јули 2019 година и на 14 мечеви забележа учинок од шест победи, пет нерешени и три порази.

Според информациите наследникот на Љубиша ќе се знае до крајот на оваа календарска година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни