По поразот во вечното дерби од Работнички бранителот на титулата во нашиот шампионат МЗТ Скопје направи промена во играчкиот кадар.
Од Аеродром си замина центарот Ѓорѓе Мајсторовиќ и тоа со спогодбен раскин на договорот. Од него се очекуваше многу повеќе сезонава, но на 14 средби во АБА лигата имаше скромен учинок од 4,8 поени и 2,7 скока. „Металците“ му се заблагодарија за прикажаното и направеното, но и воедно објавија дека од денеска нив член е Стефан Синовец.
Станува збор за многу познат лик кај „штрковите“, ова за него е четврто враќање во оваа средина со тоа што во претходните сезони 2013/14, 2014/15 и 2016/17 секогаш успеаваше да слави титула. Српскиот интернационалец посакува и четврти трофеј со тоа што новото патување би требало да го започне на задутрешната пресметка со Кожув во салата „Јане Сандански“.
Facebook Коментари