Поврзете се со нас

Македонија

Пролет се засили со поранешен ракометар на Металург (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот ракометен прволигаш Тинекс Пролет го претстави најновото засилување-тоа е српскиот интернационалец Ѓорѓе Голубовиќ.

Голубовиќ има 29 години и богато интернационално искуство зад него, тој во кариера освен на домашната сцена има настапувано во Израел, Шпанија, Унгарија, Полска, Романија, Швајцарија, Грција, но и во Македонија каде во еден период го носеше дресот на Металург.

Србинот ќе се појави од стартот на подготовките и ќе има можност да се запознае со тренерот Бошковски и секако новите соиграчи.

Од клубот воедно информираа дека нема да биде продолжена соработката со браќата Филип и Александар Василевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни