Македонија
Пролет се „поздрави“ со Јагуриновски, Џонов и Аларав и порача: Македонските играчи секогаш ќе бидат заштитен знак за овој клуб

Екипата на Тинекс Пролет нема да може да смета на неколку важни играчи во вториот дел од оваа сезона на домашната сцена, односно ги загуби Михаил Аларов, Томислав Јагуриновски и Иван Џонов.
Оваа тројка остана во Македонија со тоа што Аларов и Јагуриновски завршија во редовите на Вардар, додека пак Џонов е нов член на Алкалоид. Со ова Пролет остана без клучни ракометари, ама заработи соодветна оштета за нив по што прволигаш се огласи во јавноста со јасно соопштение кое ви го пренесуваме во целост.
Ракометниот клуб Тинекс Пролет официјално го потврдува заминувањето на тројцата македонски репрезентативци, Михаил Аларов и Томи Јагуриновски ја продолжуваат кариерата во дресот на Вардар, додека Иван Џонов од февруари го облекува дресот на РК Алкалоид. Станува збор за клубови кои го препознаа квалитетот на нашите ракометари и покажаа согласност да исплатат соодветна отштета за нивните трансфери уште во текот на зимава, потег што е за поздравување и што треба да биде тренд во мак-ракометот и во иднина.
Џонов и Аларов се ракометари кои се производ на ракометната школа на РК Тинекс Пролет, кои преку добрите игри за нашиот клуб стигнаа и до репрезентативниот дрес, додека Јагуриновски пристигна од Исланд, се наметна како еден од лидерите на тимот и беше меѓу најзаслужните за освоеното второ место во групната фаза од Супер-лигата.
Сакаме да ставиме до знаење дека заминувањето на тројца првотимци не значи и „пропаст“ за клубот, кој останува цврсто на своите зацртани цели и клупски политики – секогаш шанса да добиваат домашните играчи, а предност да имаат оние кои се производ на младинската школа на нашата екипа. Во тој правец, потпишани беа нови договори со Тотиќ, Димковски и со Стојановски, ракометари кои веќе остварија одлични резултати со кадетската репрезентација на Македонија и очекуваме во ист стил да продолжат и на клупски план, во дресот на Тинекс Пролет.
Сведоци сме дека ова е период во кој е многу полесно да купиш „половен“ готов продукт од странство отколку да произведеш нешто свое, но Тинекс Пролет секогаш бил и ќе биде доследен на тоа – македонските играчи да бидат приоритет во македонскиот шампионат, како единствен начин за уште поголем развој на ракометот во нашата земја.
Клубот е исклучително стабилен на финансиски план и подготвен за предизвиците што му претстојат, со подмладен состав што подобро да се претстави во претстојниот плејоф, а потоа од новата сезона да атакува на висок пласман.
На Иван Џонов, Михаил Аларов и на Томи Јагуриновски им посакуваме многу среќа и успех во ангажманот во новите клубови, воедно и им изразуваме благодарност за сето она што го сторија носејќи го дресот на Тинекс Пролет. –порачаа од македонскиот прволигаш.
-
Шпанијапред 20 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 20 часа
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
АТПпред 24 часа
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Формула 1пред 22 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
Светпред 14 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик
-
НБАпред 16 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)
-
Балканпред 23 часа
Хрватскиот јунак од СП во Катар со најоригинална објава за Адеми: Ако видиш дека не ги разбираш Кинезите….. (Фото)